Saturday 16 February 2019

Спирулина

СПИРУЛИНА

Добредојдовте на мојот блог !

Денес ќе го споделам моето искуство со спирулината, но прво ќе се запознаеме со тоа што всушност претставува таа.
 Спирулината е модрозелена алга извонредна комбинација на Б- керотин, белковини, хлорофил, Б-витамини, ензими, минерали, Гамалиноленска  киселина. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Каде може да ја најдете ?
- Спирулината може да се најде во сите добро снабдени аптеки во земјата и странство .Може да се најде во форма на прашок или пак таблети.
Придобивки од консумација на спирулината !
  • Го зајакунува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
  • Го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали
  • Помага при регулирање на телесната тежина
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора
  • Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
  • Го подмаладува организмот и го успорува стареењето
  • Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис 

   Лично јас ја користам спирулината од брендот ''All Natural- Pure Hawaiian''

Мои лични искуства со спирулината откако почнав да ја консумирам !

Најпрво со спирулината се запознав со читање на интернет . Ја купив од аптека по цена од 1000 денари .
Амбалажата е стаклена и содржи 100 таблети .
Ја пијам секој ден по 3 таблети . Не содржи глутен, содржи Витамин А , витамин К, витамин Б12,железо,магнезиум,манган,хром,натриум,калиум,Ц-фикоцијанин,хлорофил А итн.

Придобивките за моето здравје беа :
-зголемена енергија во текот на целиот ден
-подобрена крвна слика особено на железото
-забрзан метаболизам
-почиста кожа
-намалена болка при менструации
-ми ја регулираше телесната тежина за неколку килограми

Искрено ви ја препорачувам бидејќи е многу корисна за вашето здравје !

No comments:

Post a Comment