Saturday 16 February 2019

Омилени производи за дневна шминка

Омилени производи за дневна шминка 

Здраво на сите !
Денес ќе ви ги претставам моите омилени производи за дневна шминка 

Првиот чекор е добро чистење на кожата со гел за лице  а потоа нанесување на прајмер . Јас го користам овој прајмер Baby Skin Maybelline .  Овој прајмер е со силиконска формула и дава многу мазен ефект на кожата а порите се многу намалени , не ми предизвикува иритации на кожата , а со него пудрата ми стои неколку часови повеќе.


Вториот чекор е пудра. Јас за дневна шминка ја користам оваа пудра на Essence Fresh and Fit.
Пудрата е во стаклено шише со пумпица. Збогатена е со витамини и вода од брусница, дава многу Внежен и свеж изглед на лицето. Покривноста е средна , а структурата ниту течна ниту многу густа. Солидно ми ги прекрива малите несовршености на моето лице. Трајноста е до 5 часа без проблем, а мојот тип на кожа е нормална до комбинирана така да совршено ми одговара.
Нијаната е 20 , а цената е околу 300 денари.


Третиот чекор е коректор на местата на неправилностите на кожата и делот околу очите.
Јас го користам коректорот на Catrice кој ни е добро познат на сите. Совршен коректор кој има голема покривна моќ.


Четврто е матирањето ! Тоа го правам со Еssence matt compact powder , одличен производ за ниска цена.
Прекрасно го матира моето лице, го измазнува и не остава бела површина .


Следен чекор е  нанесување на бронзер ! 
Јас за дневна варијанта го користам бронзерот на Catrice , кој има солидна пигментираност и за дневен make up look е совршен , дава многу природен изглед а нијансата е баш кафеава  ! 


Следно што правам е нанесување на сенки за очи со кремасти и светло земјени тонови . Ја користам палетата на NYX ! Оваа палета има многу пигментирани нијанси кои се идеални за дневен мејкап.

По нанесување на сенките користам маскара , во овој случај маскарата на Loreal !
Оваа маскара има гумена четка и е една од моите омилени маскара, нова е на пазарот .
Дава многу волумен и најважно е што не се рони, лесно се вади со средство за отстрануње шминка , а четката многу лесно се прилагодува под кој агол сакате да ја нанесете според окото .



За крај користам мат кармин од Essence !
Овој кармин е мојот омилен , има многу прецизен апликатор и затоа не ми е потребно моливче за уста !
Многу лесно се суши и има голема пигментираност од еден слој.
Цената е многу ниска , а квалитетот голем.
Пред нанесување користам тенок слој лабело.
Нијансата е 01 dusty romance 





Се надевам дека ви се допадна мојот нов пост !
Ви благодарам на прочитаното !

No comments:

Post a Comment